Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > По една победа и пораз за ФК Вардар генер. “2010„ во денешното коло од детската лига
По една победа и пораз за ФК Вардар генер. “2010„ во денешното коло од детската лига

По една победа и пораз за ФК Вардар генер. “2010„ во денешното коло од детската лига

Вардаровата генерација “2010„ денес на терените на ФФМ го одигра претпоследното есенско коло во детската фудбалска лига. Избраниците на Стефан Михајлов забележаа по една победа и пораз.

Најпрво на теренот излезе Вардар (2) кој беше поразен во дуелот со екипата на Милано. Заслужена победа за противникот со оглед дека одигра подобро, а во нашиот состав недостасуваа неколку играчи што придонесоа за високиот пораз. По првото полувреме, Милано имаше водство од 0:2, додека Вардар имаше неколку шанси кои не ги искористи. Се обидоа Седлоски и Пацески, но мрежата на кумановчани остана мирна. И во вториот дел, тимот на Милано ги искористи своите шанси кога со нови два гола зголемија на 0:4. Вардар успеа да намали преку Максим Митревски на 1:4, додека противникот до крајот на натпреварот постигна уште еден гол, за конечен резултат од 1:5.

Вардар (1) немаше проблеми да триумфира во дуелот со екипата на Њу Јорк, која ја совлада со резултат 5:2. Првиот посериозен удар на мечот го имаше Стефан Ристиќ кој шутираше покрај голот, а Вардар успева да го отвори резултатот и да поведе со 1:0 преку Матеј Чедевски. Голема прилика имаше Ристиќ, кој ја погоди само пречката од голот на противникот. Вардар беше подобар на теренот и постојано создаваше шанси. Падна и вториот гол во мрежата на Њу Јорк а истиот го постигна Далибор Марковиќ за предност од 2:0. Противникот успеа да намали на 2:1, откако несреќно си постигнавме авто гол. Прв гол на мечот за Ристиќ кој ја врати предноста од два гола, со кој поведовме со 3:1, а предноста можеше да биде зголемена доколку Чедевски не ја погодеше стативата. До крајот на првиот дел, по уште еден гол на двете страни. Најпрво противникот намали на 3:2, а со својот втор гол денес, Стефан Ристиќ зголеми на 4:2.

Првата прилика во вториот дел ја имаше Чедевски, но одбрани голманот. Со својот втор гол денес Далибор Марковиќ успеа да му донесе водство на Вардар од 5:2. Во овој дел од дуелот имавме шанси преку Гечев, Сивевски и Марковиќ, но во сите наврати одбрани голманот на Њу Јорк.

За оваа генерација останува да одигра уште едно коло, до крајот на есенскиот дел од сезоната.