Пред почетокот на натреварот со Киелце, ракометниот клуб Вардар се заблагодари на двајца свои играчи кои беа дел од екипата во изминатите сезони. Се работи за Алекс Душебаев кој помина четири сезони во црвено-црниот дрес, како и за Лука Циндриќ кој три години беше дел од Вардар.
На двајцата играчи, кои во моментов се дел од екипата на Киелце им беа доделени дресови, на кои пишуваше “Алекс и Циндра фала за се„. Истите им ги доделија Шишкарев и Карачиќ.