Ракометарите на Вардар денес го играат големото финале во Купот на Македонија. Последната пречка во освојувањето на 14.трофеј во ова домашно натпреварување ќе биде екипата на Еурофарм Пелистер.
Вардарци ќе се обидат да го вратат трофејот од Купот во своите витрини и само да ја збогатат колекцијата на освоени титули во својата историја.
Не очекува неизвесен и борбен натпревар, кој сигурно дека ќе биде поразличен од оној кој се одигра во СЦ.Јане Сандански, кога во рамките на 3.коло од плеј-офот, Вардар високо со 35:27 го порази битолскиот тим. Со исклучок на Гаџа кој нема да биде во составот на црвено-црните до крајот на сезоната, Алушовски може да смета на сите останати играчи за ова финале во Купот. Еурофарм Пелистер располага исто така со квалитетни и искусни играчи, а како најголема опасност се Мандалиниќ и Египетскиот голман, Хендави.
Сигурно дека не очекува квалитетен натпревар, како што доликува на едно големо финале. Се надеваме дека Вардар ќе го прикажа најдоброто од себе и дека ќе го освои првиот трофеј сезонава. Директен пренос од натпреварот кој стартува од 17:30 часот ќе можете да погледнете на МТВ.