Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Миновска: Имаме желба, вештина, енергија и квалитет за Пехарот
Миновска: Имаме желба, вештина, енергија и квалитет за Пехарот

Миновска: Имаме желба, вештина, енергија и квалитет за Пехарот

ЖРК Вардар обезбеди Куп финале, истото се игра денес од 14-30 часот против Куманово во Автокоманда. Црвено-црните ќе атакуваат на 7-мата Куп титула во историјата, односно прва за овој млад моментален состав. Вчера во совладавме Чаир во полуфиналето и обезбедивме дуел за пехар.

Разговараме со еден од најдобрите поединци, девојката која кога влезе во игра го смени целосно ритамот на мечот и минавме од негатива во убедлива позитива. Сара Миновска, крилото на црвено-црниот тим, која игра тотален ракомет во два правци, ненадминливот борец на теренот. Ракометарот кој има квантен скок од минатите сезони во аспект на ракометната вештина, физичката подготовеност и уделот во успесите на тимот кој цела 2021 година нема изгубен напревар.

-Миновска за вчерашната победа која беше остварена на крајот со четири гола повеќе, ден по напреварот со “ладна глава“ дава свое видување за тој полуфинален дуел.

*На вчерашниот полуфинален дуел од Купот, можеби не влеговме баш како што знаеме најдобро, но мечот се игра 60.минути. Сумарно за  тој период покажавме цврста игра, сплотеност, пожртвуваност и тимска игра и секако тоа се награди со слатка победа. Тој дуел е зад нас задоволството е големо, но сега треба целосно да го заборавиме и да се фокусираме искучиво на финалниот напревар.

a2

-Пред нас е најважниот меч во оваа сезона, финалето во Купот, вардаровиот заменик капитен верува во своите колеши и нивната желба, вештина и способност да се закинатат со „злато“.

*Целевме кон пласман во финалето од самиот почеток на оваа сезона, но сега целиме кон врвот и секако пехарот. Верувам во мојот тим, имам голема доверба во сите девојки од екипата, верувам во успешноста и ефикасноста на  нашата игра. Во финалето со Куманово ќе дадеме се од себе за да ја оствариме нашата цел. Ривалскиот тим не е екипа за потценување, ќе биде тешко и напорно. Ќе дадеме максимум, верувам во моите соиграчи дека ќе покажеме добра игра, бидејќи позитивата и желбата за успех ни се на многу високо ниво- завршува Миновска.