Екипата на РК Карпош од Куманово е освојувач на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“, кој се играше во спортскиот рекреативен центар Кале. Тие во големото финале по голема борба како што му доликува на едно финале беа подобри од екипата на Бисинов, совладувајќи ја минимално со резултат 20-18. Во машкиот дел на турнирот “Вардар, еден живот, една љубов“ , третото место и припадна на екипата на Илинден, која во малото финале го совлада ГРК Гостивар.
