Годините поминати во Вардар не се забораваат, а посебно не успесите кои Абутовиќ ги имаше како дел од клубот. Иако не е повеќе дел од Вардар, сепак неговото срце вечно ќе чука за црвено-црната боја. Играчот кој сега е дел од Рајн-Некар не остана рамнодушен на големата победа на Вардар во дуелот со Пик Сегед, па Абутовиќ преку својот инстаграм профил упати честитки до вардарци за одличната игра.