Вардар е на добар пат и трета последователна сезона да избори пласман на завршниот турнир во Келн. На првиот меч од 1/4 финалето кој се одигра во С.Ц. Јане Сандански славеа црвено-црните во дуелот со Пик Сегед (31:23). Вардар во текот на целиот натпревар имаше водство и контрола на резултатот, предводени во нападот од Кристопанс и Кисељев кои имаа по 8 голови, додека на голот Милосављев собра 12 одбрани.
Погледнете ги сите голови од дуелот, Вардар – Пик Сегед