Изминативе два дена во четири сали се играше ракометниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов, кој е во организација на нашиот клуб. Познати се веќе победниците во две возрасни генерации во машка и женска конкуренција.
Кај машките родени родени 2000/01 првото место му припадна на РК Филип-Вардар кој во финалето ја совлада екипата на РК Илинден. Третото место му припадна на Гостивар кој во малото финале беше поуспешен од тимот на РК Урдаревски. На крајот беа доделувани наградите за најдобрите поединци во оваа генерација.
Најдобар стрелец со вкупно 27 постигнати голови е Гордан Миленковски од екипата на РК Илинден.
Наградата за најдобар играч му припадна на Филип Илиевски од Гостивар.
Признанието за најдобар голман заслужено отиде во рацете на Брајан Петкоски од првопласираниот тим на РК Филип-Вардар.
Во машкиот дел кај генерација 20002/03 триумфираше ракометниот клуб Преспа-Ресен. Избраниците на Иван Ангелковски во финалето го совладаа тимот на РК Шампион. Во утешното мало финале играа РК Кале-Кичево и Опш.Кисела Вода-Вардар 2, а бронзениот медал заврши во рацете на Кале од Кичево. И тука по завршување на финалните натпревари се доделуваа наградите за најдобрите.
Мартин Табаковски е најдобар стрелец на завршниот турнир, кој настапуваше за екипата на Преспа
Најдобриот играч доаѓа од РК Шампион, се работи за Стефан Кочаров
Давид Стоиловски од РК Кале-Кичево е најдобар голман на завршниот турнир.