Изминативе два дена во четири сали се играше ракометниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов, кој е во организација на нашиот клуб. Познати се веќе победниците во две возрасни генерации во машка и женска конкуренција.
Кај девојките родени родени 2000/01 првото место им припадна на РК Делчево-Вардар кој во финалето ја совлада екипата на РК Филип. Третото место беше за РК Карпош која во малото финале беше поуспешна од тимот на РК Вардар-Виница. На крајот беа доделувани наградите за најдобрите поединци во оваа генерација.
За најдобар стрелец со вкупно 34 голови беше прогласена Кети Ангеловска од екипата на Делчево
Најдобриот играч е исто така од РК Делчево и тоа за Марија Гоцевска
Наградата за најдобар голман ја доби Драгана Маркоска од РК Филип.
Во женскиот дел кај генерација 20002/03 триумфираше ракометниот клуб Шампион. Тие во финалето го совладаа тимот на РК Делчево. Во утешното мало финале играа РК Урдаревски и РК Будимир, а бронзениот медал заврши во рацете на РК Урдаревски. И тука по завршување на финалните натпревари се доделуваа наградите за најдобрите.
Ивана Арсениевска од Делчево е најдобриот стрелец на завршниот турнир
Лора Велевска исто така од РК Делчево ја доби наградата за најдобар играч
Признанието за најдобар голман заврши кај Камелија Филиповска од екипата на РК Шампион.