Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Доделени награди за најдобар играч, стрелец и голман на завршниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов (ФОТО)

Доделени награди за најдобар играч, стрелец и голман на завршниот турнир “Вардар, еден живот, една љубов (ФОТО)

vardarfans-nagradi-maski-del

Изминатиов викенд финишираше третото издание на ракометниот младински турнир “Вардар, еден живот, една љубов“ на кој учествуваа повеќе од 23 ракометни школи од цела Македонија. Во текот на вчерашниот ден ги добивме победниците во машкиот и женскиот дел кај генерација родени 2004/05 година.

Во машка конкуренција, првото место му припадна на РК Бисинов кој во големото финале го победи ГРК Гостивар. Бронзениот медал е за РК Илинден, додека четвртото место го освои РК Карпош од Куманово. По одигрување на финалните натпревари беа доделени наградите за најдобрите поединци.

Наградата за најдобар стрелец ја доби Иле Табаков од екипата на РК Бисинов, кој вкупно на турнирот постигна 29 голови.

vardarfans-ile-tabakov

Иле Табаков

Најдобриот играч е исто така од шампионскиот тим на Бисинов и тоа за Давид Славевски.

vardarfans-david-slavevski

Давид Славевски

Признанието за најдобар голман на завршниот турнир заврши во рацете на Мартин Димитриевски од екипата на ГРК Гостивар.

vardarfans-martin-dimitrievski

Мартин Димитриевски

Победник во женскиот дел е РК Кале од Кичево која во финалниот натпревар ја победи екипата на РК Кастратовиќ 1. Третото место им припадна на РК Ново Лисиче, додека РК Кастратовиќ 2 се пласираа на четвртото место. И тука беа доделувани поединечни нахради за најдобар стрелец, играч и голман на турнирот.

Бојана Коцева од РК Ново Лисиче е најдобар стрелец со 36 постигнати голови.

vardarfans-bojana-koceva

Бојана Коцева

Сара Стефаноска и повеќе од заслужено е прогласена за најдобар играч на завршниот турнир, која настапува за РК Кале-Кичево.

vardarfans-sara-stefanoska

Сара Стефаноска

Наградата за најдобар голман и припадна на Леа Христовска од РК Кастратовиќ 1.

vardarfans-lea-hristovska

Леа Христовска

vardarfans-nagradi-zenski-del