Од најмлади до највозрасни, навивачите имаа можност да се дружат со играчите на Вардар во Сити Мол. Првите 100 кои успеаа да купат билет за саботниот натпревар од Лигата на Шампионите, помеѓу екипите на Вардар и Брест Мешков добија и ваучер со 30% попуст во Фан шопот на Вардар. Оние што беа расположени за натпреварување и играње добија бесплатни билети, ваучери со попуст со фан шопот, за спа центарот, фитнес.
Сите кои одвоија време да дојдат во Сити Мол имаа можност да се фотографираат, дружат, споделат автограм и гушнат со Стоилов, Фереира, Чупиќ, Кристопанс, Кисељев, Милосављев и со другите ракометари на Вардар.