Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Без Борозан против Брест Мешков, ЕХФ го суспендираше за црвениот картон против Киелце
Без Борозан против Брест Мешков, ЕХФ го суспендираше за црвениот картон против Киелце

Без Борозан против Брест Мешков, ЕХФ го суспендираше за црвениот картон против Киелце

Вардар на саботниот дуел од Лигата на Шампионите против екипата на Брест Мешков нема да може да смета на услугите на Вуко Борозан. ЕХФ му изрече суспензија на црнагорецот од еден натпревар поради директниот црвен картон на мечот со Киелце, кога Борозан го удри во лицето Јурецки. Од друга страна, Алекс Душебаев кој исто така доби црвен картон помина без суспензија, поради вербалната пресметка со Душебаев.

Само со парична казна ќе помине Тимур Дибиров кој треба да плати 3.000 евра.

На тој начин, Вардар ќе биде ослабен на мечот против Брест Мешков, поради отсуството на Борозан. Се повеќе очигледно е дека на теренот ќе го видиме најновото засилување, Кристијан Дисингер, а како друга алтернатива на левата бековска позиција се уште и Оцвирк, младиот Мишевски, но и Игор Карачиќ кој без проблем може да одговори на тааа позиција.