Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Горбок започна да вежба во теретана, со надеж дека набргу ќе започне да тренира и со топка

Горбок започна да вежба во теретана, со надеж дека набргу ќе започне да тренира и со топка

Левиот бек на Вардар, Сергеј Горбок полека започна да вежба во теретана и да се подготвува за враќање на терените. На крајот од месец септември, рускиот репрезентативец правеше операција на коленото, се работеше за скинати предни вкрстени лигаменти, по што му се предвидуваше подолга пауза.

Сепак според информациите, Горбок има шанси да се врати на теренот оваа сезона и да му помогне на Вардар во завршниот дел од сезоната, што сепак ќе зависи од тоа како ќе тече периодот на рехабилитација.

Горбок напорно вежба, со надеж дека побргу ќе започне да тренира и со топка.