Моменталниот селектор на македонската ракометна репрезентација и поранешен тренер на Вардар, Раул Гонзалез беше гостин на Александар Царчев за време на божиќните празници. Пријателство меѓу Царчев и Гонзалез продолжува и понатаму, а започна од денот кога Раул дојде во Скопје и беше промовиран во нов тренер на РК Вардар.
За потсетување токму Царчев, беше прв помошник на Раул на клупата на Вардар, со оглед дека одлично го зборува шпанскиот јазик. Царчев работи како тренер на голманите во првиот тим на ЖРК Вардар и во младите категории на клубот, а ќе биде и во стручниот штаб на Македонија на претстојното СП.