Повредата го одалечи Горбок од терените во првиот дел од сезоната. Русинот имаше операција, откако скина лигаменти, по што му се предвидуваше долг период на рехабилитација. Не е познато кога ќе се врати на теренот, но затоа Горбок се наоѓа во Германија каде ја бодри својата репрезентација на Светското првенство. Тој од трибините заедно со Игропуло го гледаа мечот на кој Русија успеа да ја победи Кореја и да стигне до првата победа на мундијалот.