Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Платон: Да бидеш тренер во млади категории е голема одговорност, барам од девојките да играат „како еден“, тимскиот дух носи успеси
Платон: Да бидеш тренер во млади категории е голема одговорност,  барам од девојките да играат „како еден“, тимскиот дух носи успеси

Платон: Да бидеш тренер во млади категории е голема одговорност, барам од девојките да играат „како еден“, тимскиот дух носи успеси

Пионерките на женскиот ракометен клуб Вардар се тим составен од девојки родени 2004 и 2005 година. Тие во есенскиот дел редат само успеси каде и да се натпреваруваат. Станува збор за тим со девојки “жедни“ за успех. Освоија есенва две злата на турнирите, на домашна сцена во нивната конкуренциија “зимуваат“ на 1.место од табелата, а во повозрасната, кадетска лига се во најдобрите три екипи за време на паузата.

Овие девојки од клупата ги води познато ракометно име во женксиот ракомет, тоа е  поранешниот играч на Кометал Ѓорче Петров и репрезентативка на Македонија, Анжела Платон. Таа неколку години успешно работи  како тренер во младинските категории на ракометниот клуб Вардар. Платон има оставено голем “белег“ во Македонскиот ракомет. Во сезоната 2000/01 година успеа со тимот Кометал да ја освои европската круна и на два пати да стане европски вицешампион со истава екипа. Зад нејзиното име има забележано и многу настапи за Македонската ракометна репрезентација. Исто така и во “тренерските води“ остава белег во црвено-црниот тим.

1. Пионерската екипа успеавте да ја селектирате успешно,  истата го оправда реномето на името Вардар колку труд беше потребно за составување на ваква екипа?

gh

*Во текот на  2017 година ја селектиравме оваа екипа од девојки родени 2004-2005 година, кои се натпреваруваа во Вардар Јуниор лига. Во текот на натпреварувачката сезона 2016-17, во континуитет,  ги следевме во сите натпревари на Јуниор лигата, што ни го олесни изборот на најдобрите играчи за новата генерација-пионерската селекција. Веќе втора година интензивно се работи со оваа генерација, посветувајќи се максимално на создавање на тим, кој функционира како една целина, има тимски дух, што беше воедно и мојот најголем предизвик и приоритет како тренер. Во однос на постигнатите резултати , сметам дека сме на вистинскиот пат.

2. Во пионерската лига сте “есенски шампиони“ како го оценувате настапот во неа и во  кадетската конкуренција каде имате иако помали сосема солидни резултати?

*Во Македонското првенство се натпреваруваме и во пионерската и во кадетската лига. Во есенскиот дел во пионерската лига смена првата позиција во нашата група и се надевам дека исто така ќе продолжиме и во пролетниот дел од сезоната, со цел да го освоиме првенството. Додека во кадетската лига иако се натпреваруваме противв екипи во кои има  девојки родени 2002-03 и помали, солидни сме. Тука нашата   цел ни е да стигнеме до  завршниот турнир на најдобрите, Ф4. Сепак сметам дека треба да одиме чекор по чекор. И како што се вели “Секогаш може и подобро…“

3. Земавте учество на два турнира, и дојдовте до две злата, одлични настапи може ли да ни оценка за истите и играта на девојките на овие збиднувања?

  *Првиот турнир, Гази Баба Купот во Скопје, ни  беше добра подготовка  за меѓунаротниот силен турнирот во Белград. На  истиот  секој ден имавме по две, односно и по три средби. На  “Трофеј Белград“ во конкуренција на силни екипи од Србија и Словенија покажавме добра, борбена и пожртвувана игра на дуелите. Учеството на турнирите, каде што девојките по цел ден поминуваат заедно, играат, се дружат, дишат и функционираат како една голема фамилија, придонесуваат многу за развојот на младите ракометарки и нормално едно големо искуство. На овие турнири може да се воигра екипа, да се види и кој има карактер и квалитет.

gh3

4. Имате вкомпонирано тим во кој секоја девојка има задача што е голем успех за еден тренер, како успеавте?

*Да бидеш тренер во млади категории е голема одговорност, тоа е процес условен од многу фактори, но секогаш приоритет е да се подготви екипата за постигнување на добри резултати. Поради тоа секогаш ги советувам да играат “сите за една и една за сите“. Тимскиот дух е најголемиот адут за успех, но секогаш поткрепен со упорноста, трудот и мотивацијата на секој поединец во тимот.

5. На двата  турнира имавте две  поединиечни  награди за најдобри поединци, на што се должи тоа?

*Да напредуваш и да освојуваш награди потребна е љубов кон ракометот, голем труд, посветеност, мотивација и тимската игра. Ракометот е тимски спорт и индивидуалниот успех на поединецот е секогаш резултат на целиот тим.

Михајло Тушевски