Интересен е спортскиот почеток на Лука Циндриќ кој започнал да тренира фудбал во родниот Огулин. На 14 години го одбива Динамо Загреб, на кој му дава четири голови, по што веднаш стигнал повик од управата на големиот Динамо, но неговиот татко решава дека е прерано за таков чекор. Потоа преминува во Карловац, но поради финансиски проблеми на клубот, Лука се решева да прекине со фудбалот и да започне да тренира ракомет, со оглед дека неговиот татко бил ракометен тренер. Започнува исто во родното место Огулин, па преминува во Карловац. Од таму, по иницијатива на Лино Червар доаѓа во Металург, а следна негова дестинација е Вардар. Со црвено-црните успева да освои се што можеше, а круна на неговиот претстој во Вардар беше освојувањето на Лигата на Шампионите во 2017 година, а следната година е прогласен за најдобар играч на Европа. Во Вардар помина три сезони, по што се пресели во екипата на Киелце. Моментално е лидер на Хрватската репрезентација која е дел од Светското првенство во Германија и Данска.
Во интервју за хрватски „индекс.хр“, Лука говори за времето поминато во Вардар и соработката со Раул Гонзалез.
-Прекрасен период од мојот живот поминав токму во Вардар. Пред се, морам да го споменам тренерот Раул Гонзалез кој ми даде доверба и поширока слика за ракометот како спорт. Од него многу научив и напредував. Денес ракометот е таков, да секој ден мораш да вложуваш во себе доколку сакаш да напредуваш.