Фудбалскиот клуб Вардар веќе шестти ден како што тренира на комплексот во населбата Хиподром, како подготовка за пролетниот дел од сезоната. Како што знаеме дел од тимот не се веќе Барсегјан, Кировски, Јуфо и Херанц и Максимов, додека единствено ново засиливање е бразилецот Леовигалдо Жуниор Жунињо кој дојде од екипата на Македонија Ѓ.П.
Дури тринаесет играчи од младинската школа на Вардар тренираат со првиот тим во моментов. Тоа се голманот Матеј Андов, потоа Џемал Ибиши, Бојан Димоски, Марио Младеновски, Давид Велковски, Стефан Наумчески, Јакуп Бериша, Фитор Реџепи, Али Адем, Божидар Митревски, Филип Манасиевски, Леонид Игнатов и Александар Ѓурковски. Некои од нив имаа и настапи за првиот тим на натпреварите од ПМФЛ.
На 16.јануари екипата заминува за Аланија (Турција) каде ќе го одработи главниот дел од подготовките, по што ќе биде познато со кои играчи ќе отпатуваме на овие припреми.