Француското засилување на голот на Вардар, Робин Кантегрел, веќе се наоѓа во Скопје, а во сабота ќе го има првиот собир со новиот клуб.
Кантегрел пристигна заедно со неговиот менаџер и веднаш на почувствуваа скопската шема. Тие заедно со Иван Марковски кој е поранешен член на Вардар, седнаа на кафе во еден од кафичите низ Скопје. Кантегрел ќе има време за аклиматизација и запознавање на градот, а со Ристовски и Кизиќ ќе бидат задолжени за голот во новата натпреварувачка сезона.