Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младински лиги > (Фотогалерија+извештај) РК Карпош подобар од Ангели во меч од „Јуниор Лигата“ кај генер.2004/05
(Фотогалерија+извештај) РК Карпош подобар од Ангели во меч од „Јуниор Лигата“ кај генер.2004/05

(Фотогалерија+извештај) РК Карпош подобар од Ангели во меч од „Јуниор Лигата“ кај генер.2004/05

Утрово во големата сала на С.Ц. Јане Сандански продолжија натпреварите во ракометната „Јуниор Лига“. Прв меч на прогарамата беше дуелот помеѓу РК Карпош од Куманово и Ангели од Скопје, кај генерацијата родени 2004/05, меч кој очекувано го доби екипата на Карпош. Ангели беше тимот кој имаше подобар старт на дуелот кога поведе со 0:2 и 2:4 во 5.минута од дуелот, но тогаш на сцена стапи најдобриот играч на кумановчани, Давид Димевски кој го полнеше голот на Ангели. Избраниците на Миодраг Јовановски-Црни влегоа во неверојатна серија од 15:0 за да имаат високо водство од 17:4. До крајот на првиот дел, Ангели успеа некако да ја смали двоцифрената негатива, која на полувреме изнесуваше девет гола (18:9), стоеше на семафорот по 20 минути игра на овој меч.

Првите три гола во вториот дел беа дело на Карпош со кој ја вратија двоцифрената предност од 21:9. За момент намалија Ангели на 21:10, но следеше нова серија за екипата од Куманово од 9:0, со кои иаа највисоки 30:10. Последните минути беа смо рутина, па Карпош стигна до нова победа во „Јуниор Лигата“; конечниот резултат гласеше 37:17.

Погледнете фотогалерија од овој натпревар.

 

1 3 4 5 6 7 8 9 10 11 12 13 14 15 16 17