Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Нова победа за Вардар Јуниор со која сме блиску до опстанок во Супер-Лигата, совладана екипата на Прилеп
Нова победа за Вардар Јуниор со која сме блиску до опстанок во Супер-Лигата, совладана екипата на Прилеп

Нова победа за Вардар Јуниор со која сме блиску до опстанок во Супер-Лигата, совладана екипата на Прилеп

Младиот состав на Вардар Јуниор направи голем исчекор кон опстанокот во најсилната Супер лига. Вардарци со победа се враќаат од гостувањето кај екипата на Прилеп, која ја совладаа со резултат 27:35.

Во првите пет минути од мечот се играше гол за гол, а последното израмнување на семафорот беше при резултат 4:4. Од тие моменти видовме серија за избраниците на Петрушевски кои беа во налет, постигнаа пет последователни голови и зголемија на 4:9. Во овој период од мечот имавме контрола на играта, додека на Прилеп тешко му одеше во нападот, а главен виновник беше нашиот голман Андреј Петковски, кој и на овој меч бранеше одлично. Можевме со многу повисока предност да го завршиме првото полувреме, откако во еден момент стигнавме и до највисоки шест голиви разлика (8:14). Сепак следеше пад во нашата игра, а прилепчани тоа го искористија кога направија серија од 4:0 и намалија на само два гола негатива 12:14. Прилеп во последната минута дојде и до само еден гол негатива, но ние го постигнавме последниот гол во првото полувреме, за на пауза да заминеме со водство од 15:17.

Сепак Вардар Јуниор во вториот дел имаше контрола на резултатот, кој само го зголемуваше во своја корист. Откако и двете екипи постигнаа по два гола, вардарци имаа добри минути кога направија серија од 0:3 и се одлепија на солидно водство од 17:22. Ние ги имавме расположените во нападот, Димов, Крстевски и Ѓорѓиев кои беа нерешлива енигма за противникот, поткрепени од Петковски на нашиот гол, кој имаше неколку клучни одбрани. Работите околу победникот стануваа појасни кога Вардар Јуниор се одлепи и на највисоки 18:25, додека на седум минути пред крајот стигнаа и до двоцифрена предност од 21:31, по што беше јасно кој ќе ги освои бодовите. Последните минути од мечот беа рутина за нашиот состав, а прашањето беше со кој резултат ќе заврши мечот. По истекот на 60.минути резултатот гласеше 27:35.

Стефан Крстевски беше најефикасен со 8 голови, додека Мартин Димов имаше 7. Игор Ѓорѓиев беше стрелец на 6, додека Дејан Кукуловски постигна 5. Андреј Петковски имаше двоцифрен број на обрани.