Екипата на РК Вардар 2 го одигра и вториот контролен натпревар пред почетокот на новата натпреварувачка сезона. Повторно противник за избраниците на Зоран Петковски беше екипата на Спартак. Овој пат одигравме со нерешен резултат (30:30). По едно полувреме им припадна на двете екипи. Во првите 30 минути гостинската екипа во најголем дел беше во предност, додека во второто полувреме Вардарци беа тие кои го диктираа темпото на играта. Во еден момент имавме и четири гола предност, но во последната речиси секунда, противникот успеа да погододи за на крај мечот да заврши со нерешен резултат.
Погледнете ја фотогалеријата од овој интересен натпревар