Ракометарите на Вардар се вратија во Скопје и во овој момент се пред СЦ. ,,Јане Сандански” каде со своите навивачи ја слават големата победа издвојувана во Битола која треба да ја донесе јубилејната 15.титула во витрините на клубот.
Пред сала ечат комитски песни, има овации и скандирања за Стоилов, Талески, Куни Моралес – за целиот тим, а има порака и до Тимур Дибиров да остане во Вардар и следната сезона.
Навистина е уживање овие денови да си Вардарец.