По големата победа во Битола на Вардар и речиси одбраната на титулата, почнаа честитките да пристигнуваат на адреса на двократниот европски првак.
Први кои се јавија на социјалните мрежи и упатија честитики до Вардар за денешниот голем триумф беа Игор Карачиќ и Кристијан Дисингер, екс играчите на Вардар. И двајцата не го забораваат Вардар, титулите и убавите моменти минати во Скопје и во ,,црвено – црниот” дрес.