Ракометарите на Вардар 1961 запишаа победа на гостувањето кај Еурофарм Пелистер со 23-26 (11-11), во рамките на плеј-офот на Суперлигата. Со оваа голема победа, Вардар е сега голем фаворит да ја одбрани и оваа титула и да стане старо-новиот шампион на Македонија.
Вардарци тргнаа одлично на дуелот, па така на некој моменти имаа и три голови предност. Сепак домаќинот се врати на егал, па така до полувреме се играше гол за гол, за на пауза да се замине со егал. Во првиот дел Талески и Моралес беа фанстастични во нападот и го водеа Вардар кон големата победа. Во вториот дел, одново и двете екипи имаа свој моменти, а крајот на дуелот му припадна на Вардар, благодарение на Дејвис кој во игра го внесе стариот лисец Ристовски, кој одбрани клучни топки за голема победа. Во нападот пак, Моралес диригираше и беше прв стрелец. На крајот, Вардар дојде и до победа од три гола благодарение на добрата одбрана во последните минути од дуелот.
Со девет погодоци, покрај голманот Ристовски, блесна и Куни Моралес, додека шест постигна Филип Талески. Кај пелистерци, Немања Обрадовиќ стрелаше пет пати.
ЧЕСТИТКИ ДО СИТЕ ВО ВАРДАР ЗА ОВАА ГОЛЕМА ПОБЕДА!