Вардарци го одржаа првиот тренинг после пристигнувањето во Келн. Гонзалез и Дејвис ги собраа момците и го имаа својот прв собир вечерва во Келн. Се подготвуваат последните тактики, во пресрет на пролуфиналниот дуел против тимот на Монпелје. Атмосферата кај Европскиот шампион е позитивна, а црвено-црните се подготвени за нова битка и за одбрана на трофејот во ЛШ.