Wednesday ,24 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Младински лиги > Бронзен медал за вардаровите кадети на Будимир, Чакалиќ е најдобар стрелец на Ф4 турнирот, уште двајца вардарци во идеалниот тим
Бронзен медал за вардаровите кадети на Будимир, Чакалиќ е најдобар стрелец на Ф4 турнирот, уште двајца вардарци во идеалниот тим

Бронзен медал за вардаровите кадети на Будимир, Чакалиќ е најдобар стрелец на Ф4 турнирот, уште двајца вардарци во идеалниот тим

Градот Прилеп во текот на денешниот ден беше домаќин на завршниот турнир во машката кадетска ракометна лига. Токму домашниот тим на Прилеп го освои првото место откако во големото финале ја победи екипата на Струга, третото место е за Вардар кој во малото финале по изведување на удари од седум метри го совлада тимот на Астраион. Да напомене дека црвено-црните на овој завршен турнир се натпреваруваа со две години повозрасни екипи, што добива на тежина освоениот бронзен медал.

33076906_1036141816561119_1076965373049307136_n

На крајот беше избран и најдобриот тим на завршниот турнир, како и најдобар стрелец. Токму играчот на Вардар, Бојан Чакалиќ е најдобар стрелец на завршниот тим, додека во идеалниот тим се најдоа уште двајца вардарци. Давид Савревски е најдобар десен бек, додека Симон Калајџиески е најдобро десно крило.