Tuesday ,23 April 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Пионерските екипи гостуваат во Куманово, кадетите и младинците се домаќини на Милано, во претпоследното првенствено коло
Пионерските екипи гостуваат во Куманово, кадетите и младинците се домаќини на Милано, во претпоследното првенствено коло

Пионерските екипи гостуваат во Куманово, кадетите и младинците се домаќини на Милано, во претпоследното првенствено коло

Претстојниов викенд ќе се одигра претпоследното 26 коло во првенството на младинските фудбалски категории. Кадетите и младинците во сабота се домаќини на теренот на Академијата на екипата на Милано, додека во недела пионерските екипи ќе гостуваат во Куманово, мечевите се во термините од 15 и 17 часот.

Помладите пинери се на добар пат со само еден пораз да ја завршат сезоната и да постават рекорд, кој тешко дека во иднина ќе може да го надмине некоја друга младинска екипа. Избраниците на Рап-Тап се единствените кои оваа сезона ќе успеат да освојат трофеј, од генерациите на Вардар, а истиот ќе им биде доделен во среда, кога го играме последното коло на домашен терен против екипата на Македонија Ѓ.П. Двата меча оваа сезона против Милано, ги добивме во своја корист. Во есенскиот дел на гостуањето славевме со резултат 0:2, додека на домашен терен бевме поубедливи и славевме со резултат од 8:0.

Пионерите исто така имаат позитивен биланс со овој противник и со гол разлика од 11 постигнати и ниту еден примен гол. На истиов терен во есенскиот дел, црвено-црните победија со резултат 0:5, додека на теренот на Академијата победивме со 6:0. Во последните две кола, мисија за оваа генерација е да го задржи третото место на табелата.

Кадетите и младинците ќе се обидат да се вратат на победите во првенството, на дуелите против Милано сме голеи фаворити за освојување на бодовите. Кадетите на истиов терен во есенскиот дел триумфираа со резултат 9:0, додека на гостувањето исто така бевме подобри, со триумф од 0:3. И младинците имаат позитивен ефект оваа сезона на мечевите против Милано. Дома славевме со 7:0, додека на гостувањето исто така победивме, со резултат од 0:2.