Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Младиот состав на ЖРК Вардар Јуниор со победа на гостувањето против Куманово, ја заврши сезоната во најсилната супер лига
Младиот состав на ЖРК Вардар Јуниор со победа на гостувањето против Куманово, ја заврши сезоната во најсилната супер лига

Младиот состав на ЖРК Вардар Јуниор со победа на гостувањето против Куманово, ја заврши сезоната во најсилната супер лига

Младите ракометарки на Вардар Јуниор со победа ја завршија сезоната во најсилната супер лига, откако славеа на гостувањето против екипата на Куманово.

Уште од првата минута имавме предност, која ја задржавме до самиот крај на мечот. Интересно, домашниот тим ниту во еден момент немаше позитива, што говори за заслужениот триумф на вардарки. Имаше само едно израмнување и тоа во првата минута, кога беше 1:1, за црвено-црните да постигнат два последователни голови и да поведат со 1:3. Следеше гол за кумановки, за намалување на 2:3, но избраничките на Симе СИмовски со нова серија од 0:3, уште на стартот од мечот се одлепија на четири голови ралика (2:6). Гледавме ефикасен натпревар, на кој вардарки постојано беа во предност од четири до шест голови разлика. Највисоката предност ја стекнавме во 20 минута, кога резултатот на семафорот гласеше 10:17 за нашиот состав. Имавме и водство од 14:20, но домашниот тим до истекот на првите 30 минути го намали резултатот на 16:20.

И во вториот дел имавме контрола на резултатот, највисоката позитива која ја остигнавме беше осум голови и тоа во неколку наврати, додека пред крајот на мечот, Куманово стигна да намали на само три гола негатива, но немаше многу време за некои возбудувања, па на крајот заслужена победа за Вардар Јуниор, изразена со резултат 33:38.

Најефикасна во нашиот состав беше левото крило, Анастасија Николовска со 8 голови, додека Ива Божиноска беше стрелец на 7 погодоци. Одлична на голот беше Слободанка Кицеска која собра 15 одбрани, додека Андреа Илиќ имаше 5 интервенции.

Вардар ЈуниорИлиќ, М.Николовска, Реџеп, Карчева, Стефановска, А. Николовска 8, Кицеска, Вељановска, Атанасова, Трпевска 5, Георгиевска, Диневска 2, Божиноска 7, Филипоска 6, Иванова 4, Николиќ 6. 

Вардар Јуниор ја заврши сезона на петтото место со 48 освоени бодови. Имаше 15 победи, 3 нерешени резултати и 10 порази.