Четворица вардарови членови беа на оваа средба : Раул Гонзалес, Давид Дејвис, Алекс Душебаев и Хорхе Македа тие се сретнаа со Амбасадорот на Кралството Шпанија во Република Македонија, Н.Е. Рамон Абароа Каранза и вицепремиерот на во владата на Македонија за европски прашања, д-р Фатмир Бесими. Освен тренерите и ракометарите од првиот тим, на настанот присутни беа и неколку ракометни надежи од школи од младинските екипи на Вардар. Нашите вардарци поразговараа со нивните домаќини и разменија мислења, споделија македонско-шпански вредности, како и искуства од спортот и од нивните кариери. Настанот се одржа во просториите на МК-ЕУ Инфо-центарот.
