Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Најава: ФК Вардар – ФК Ренова
Најава: ФК Вардар – ФК Ренова

Најава: ФК Вардар – ФК Ренова

Утре започнуваат новите возбудувања во ПМФЛ. На програмата е првото пролетно коло, на кое нашиот ФК Вардар ќе го пречека тимот на Ренова од Тетово. Овој натпревар е во рамките на 19-сетото коло и ќе се одигра  од 14 часот на Арената Филип II.

ФК Ренова важи за секогаш незгоден и мотивиран тим  кога игра против црвено – црните. Ренова моментално се наоѓа на шестото место на табелата во ПМФЛ, со освоени 20 бодови. Оваа зима во редовите на ”гипсарите” си замина нивниот најдобар играч Емини, кој замина во албанскиот шампионат. Од друга страна тимот го засилија неколку играчи, Усеини  Aбдула и тн. Исто така од тимот си замина и дефанзивецот Јасмин Мециновиќ. Вардар последен пат беше поразен од тимот на Ренова на  06.12.14 со 2-0, но овој натпревар беше од Купот на Македонија. На последните пет првенствени натпревари Вардарци имаат скор од три победи, еден нерешен резултат и еден пораз.

Според сите податоци, очекуваме утре ФК Вардар да ни донесе една сигурна и значајна победа, прва оваа пролет. Очекуваме добрата форма од Анталија да продолжи и на натпреварите од ПМФЛ. Дојдете сите утре на стадион, да го исполниме нашиот стадион во што поголем број и да се радуваме на нови победи и оваа година.
Напред Вардар во срце те носам јас!