Европскиот ракометен шампион се наоѓа на заслужен одмор, после напорната сезона и освојувањето на голем број на трофеи, од кои најскапоцен беше оној во Лигата на Шампионите. Голем дел од играчите се наоѓаат на одмор и уживаат со своите семејства, или девојки.
Дибиров со семејството се наоѓа во Турција, Горбок со сопругата и трите ќерки е на одмор во Словенија, односно Крањска Гора, додека Кристопанс со неговата девојка ужива во летонското село Аглона.