Нова победа за екипата на РК Вардар во лигата на шампиони. Избраниците на Раул Гонзалес по тешка борба на крајот излегоа како победници во дуелот со тимот на Пик Сегед. Мечот заврши со резултат 30:27. Со овие бодови остануваме на делба на првото место со екипата на Киелце. Најефикасен во нашиот состав беше Дибиров со 8 голови, додека Циндриќ постигна 5.
Погледнете ја фотогалеријата од овој возбудлив натпревар: