Црвено-црните по втор пат за само пет дена го победија тимот на Фленсбург и се пласираа на завршниот турнир во Келн. Овој пат триумфот беше изразен со многу поголема разлика, на крајот Вардарци славеа со резултат 35:27. Одличен натпревар одиграа црвено-црните, кои ниту во еден момент не му допуштија на противникот да има предност. Циндриќ беше наш најефикасен ракометар со 7 постигнати голови.
Погледнете ја фотогалерија од историскиот пласман на Вардар во Келн.