Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Пионерските екипи на ФК Вардар против Работнички, генерациите “2002“ и “2003“ го пречекуваат Милано

Пионерските екипи на ФК Вардар против Работнички, генерациите “2002“ и “2003“ го пречекуваат Милано

Во сабота своите натпревари од заостанатото 18 коло ќе ги одиграат пионерските екипи на ФК Вардар. Тие на домашниот терен на академијата го пречекуваат Работнички. Истите минатиот викенд беа одложени, поради репрезентивни обврски, додека кадетите и младинците ги одиграа своите мечеви и ќе бидат слободни.

Во сабота со почеток од 10 часот на теренот ќе излезат помладите пионери на Вардар и Работнички. На првиот дуел одигра во есенскиот дел, противникот на теренот на алумина славеше убедливо со 4:0. Оваа генерација на Работнички се наоѓа на првото место и во голема борба за трофејот. За Вардарци останува да го подобрат впечатокот и да освојат што е можно повеќе бодови, за подобар конечен пласман на табелата.

Пионерите на Вардар и Работнички ќе одиграат натпревар кој нема резултатско значење, со оглед дека двете екипи се без шанси за освојување на шампионската титула. Триумфот против Победа од Прилеп, сигурно дека ќе биде мотив повеќе за избраниците на Сашо Тодоровски да триумфираат на утрешниот натпревар кој започнува од 12 часот. Сега сите погледи се насочени кон националниот куп, каде Вардар со една “нога“ е веќе во финалето на купот. Во есенскиот дел, Вардар на гостински терен го совлада минимално Работнички со 0:1.

Свои натпревари во недела ќе имаат и Вардаровите генерации родени “2002“ и “2003“ година, а противник ќе ни биде тимот на Милано. За само четири дена, повторно ќе гледаме натпревар помеѓу екипите на Вардар и Милано, кај генерација “2003“, но овој пат во рамките на регионалната-скопска лига. Познато е дека црвено-црните убедливо го добија првиот полуфинален меч од купот (3:0) против истава екипа. И во лигата речиси да ја имаме заверено титулата, каде имаме 8 бода повеќе од Милано и 11 од Шкупи. Триумф против екипата од Куманово ќе значи и теоретски обезбедување на титулата во оваа генерација.

Генерацијата “2002“ на тренерот Ѓорѓиевски врза две последователни победи, по една во лигата и купот и во добра форма го дочекува неделниот натпревар со Милано, Во средата нашите момци славеа убедливо против Талент, на првиот полуфинален дуел од купот, со големи шанси да се најдеме во големото финале, со оглед дека го добивме противникот (0:3) на нивниот терен. Во лигата шансите се загубени, но сигурно дека Вардарци до крајот на сезоната ќе атакуваат на победи. Натпреварот со Милано се игра од 12 часот.