Во текот на вчерашниот ден се одигра меч во машката пионерска ракометна лига од групата 1, помеѓу екипите на Вардар и Македонија Ѓ.П. Избраниците на Андријана Будимир кои беа гости на овој натпревар стигнаа до уште победата и се најдоа на само чекор до пласман на завршниот турнир. Црвено-црните пионери триумфираа убедливо со резултат 13-33.
Први со гол мечот го отворија домаќините кои поведоа со 1-0, на што ние одговоривме со погодок за 1-1. Следуваше одлична игра во одбраната на црвен-црните и серија 0-3 со која во воведниот дел поведовме со 1-4 и најавивме дека сме дојдени по цел плен. Домаќините со два последователни гола се обидоа да се вратат во игра и намалија на 3-4, по што следеше нова наша голема серија. Момците на Будимир прават серија 0-6 со која се одлепија на “седум плус“ односно на 3-10. По ова до крајот се влезе во период во кој се играше гол за гол, двата тима постигнаа по три погодоци и во последната минута влеговме со позитива 6-13. До крајот погодивме уште еднаш за првпат да отидеме на 8 гола предност, со тој резултат 6-14 се замина на одмор.
Вториот дел започна со три последователни гола на црвено-црните пионери кои поведоа со двоцифрена предност од 11 погодоци, по само 3-4 минути игра во вториот период Вардар водеше со 6-17. Од минута во минута ја зголемувавме предноста над Македонија Ѓорче Петров на еден нивни гол одговаравме со неколку наши, па така на 5 минути до крајот првпат поведовме со дваесет гола над нашиот противник односно со резултат 10-30. Последните минути кои беа чиста формалност, тие не припаднаа на никој противник се играше мирно, двата тима постигнаа по три гола со што ние триумфиравме со крајниот резултат 13-33. Во нашиот состав тројца момчиња успеаа да стрелат успешно по четири пати во мрежата на домаќинот и тоа: Жерновски, Трајчевски и Димитриевски.
Со оваа победа си ги максимилизиравме шансите како најдобро второпласнирани да се најдеме на завршниот турнир во конкуренцијата на пионери. До крајот ни останува само натпреварот во недела на Кале. Тогаш ќе го одиграме последниот натпревар од регуларниот дел на сезоната. Противник ни е тимот на Гостивар, натпреварот е закажан од 12-00 часот.