Saturday ,27 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гаџа: Имавме малку време, но ние сме Вардар и секогаш одиме на победа
Гаџа: Имавме малку време, но ние сме Вардар и секогаш одиме на победа

Гаџа: Имавме малку време, но ние сме Вардар и секогаш одиме на победа

Утре на програмата е натпреварот од Супер Купот, меѓу екипите на Вардар и Еурофарм Пелистер. Се работи за четврто издание на ова натпреварување, во претходните три натпревари како победник излегуваше Вардар.

Анте Гаџа ќе ја игра својата втора сезона во црвено-црниот дрес откако дојде од тимот на Нексе. Повремениот хрватски репрезентативец ги искажа очекувањата во пресрет на утрешниот натпревар.

Пред нас е првиот официјален натпревар и веднаш играме за трофеј. Ние сме Вардар, секогаш одиме на триумф и сакаме да го освоиме трофејот во Суперкупот. Знаеме дека е многу рано, дека имаме многу нови играчи и плус Гурбиндо ни фали, тоа сигурно ќе се почувствува, но мораме да дадеме максимум на терен, да се види ангажман, труд и волја, па мислам дека така ќе ги скриеме сите недостатоци и дека ќе славиме. Тешко е затоа што имавме малку време, се бараме, но ќе дадеме сè од себе, ќе покажеме борбеност и се надевам дека со тоа ќе ги прикриеме сите работи и подготвени ќе ги дочекаме предизвиците кои следат“