Играчот на Вардар, Анте Гаџа, доби повик за настап во хрватската ракометна репрезентација, за претстојните натпревари против селекциите на Словачка и Унгарија, во рамките на ЕХФ Евро Купот.
Селекторот Хрвоје Хорват го повика Гаџа во составот на Хрватска, како замена за Лука Циндриќ, кој отпадна од тимот поради повреда.
Гаџа не ја започна баш најдобро сезоната во Вардар, но како одминуваше времето, хрватскиот интернационалец полека се прилагодуваше во тимот и пружаше подобри игри.