Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар денес гостува кај екипата на Еурофарм Пелистер 2
Вардар денес гостува кај екипата на Еурофарм Пелистер 2

Вардар денес гостува кај екипата на Еурофарм Пелистер 2

Денес ракометарите на Вардар ги очекува натпревар од 8.коло во плеј-офот. Избраниците на Стевче Алушовски гостуваат во Битола, кај екипата на Еурофарм Пелистер 2.

Вардар влегува како апсолутен фаворит во дуелот со овој противник, кој се наоѓа на последното место на табелата со 2 освоени бодови. На седум одиграни натпревар момците на Јовиќ се без победа, со два нерешени резултати и пет порази.

Судиската двојка за овој дуел доаѓа од Скопје. Се работи за Ѓоко Колевски и Сашо Кркачев, додека делегат е Душко Камишевски од Скопје. Натпреварот ќе започне од 15:00 часот во салата „Боро Чурлевски“

Двојки за 8 коло:

Еурофар Пелистер 2 – Вардар  15:00   (23.04)

Струга – Еурофарм Пелистер  15:30    (23.04)

Металург – Пролет  17:00                      (23.04)

Охрид – Бутел  14:00                              (24.04)