Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Парондо: Скопје ќе остане во моето срце, цело време верував во овие момци
Парондо: Скопје ќе остане во моето срце, цело време верував во овие момци

Парондо: Скопје ќе остане во моето срце, цело време верував во овие момци

Шпанскиот стручњак, Роберто Гарсија Парондо  беше само една сезона на клупата на црвено-црните , сепак успеа да му донесе европска титула. Најде начин да направи компактен тим и покрај препреките, успеа да ги надмине сите проблеми и да го предводи Вардар до четири трофеи.

Мислам дека сега сите сфаќаат што сме направиле. Кога победивме во финалето сите бевме среќни, а кога дојдовме во Скопје пречекот што ни го приредија беше нешто неверојатно. Тоа не се опишува со зборови. Сега е повеќе од две недели откако заврши тој натпревар, и стануваме се повеќе свесни што сме постигнале. Дека сме направиле нешто навистина големо, во три сезони двапати да бидеше европски првак. Вардар е најдобриот тим во Европа. Тоа е навистина одлично, но и тешко да се оствари. Малку клубови може да се пофалат со сличен резултат.

Интересен факт открива доколку му било соопштено негде пред доколку пред девет месеци дека Вардар ќе биде на  завршниот Ф-4 во Келн како би изреагирал.

Ќе помислев веројатно дека е луд. Сакав да бидеме фокусирани на секој меч посебно и затоа не мислевме далеку. Играчите ми кажаа дека во некое интервју на ЕХФ не сме биле ставени како фаворити и тоа некако ми беше чудно. Ни заминаа доста играчи, но ние сме навистина добра екипа. Им верувам на овие играчи. Па и кога велеа дека нема да бидеме на Ф4, имавме верба во себе.

Кратка беше неговата аванура на црвено-црното клупа, Паронод  открива  на кој натпревар најмногу ќе се сеќава и по што ќе го памети престојот во Вардар.

Секако полуфиналето и финалето на Ф4, бидејќи беше луд викенд за нас. Но, и оној меч со ПИК Сегед тука, тој беше многу важен. Пред се благодарност за сите што работат во Вардар и сите што ме поддржуваа. Ние минавме две одлични сезони. Моето семејство не сака да замине бидејќи тука име одлично. Многумина ми велат благодарам, но и јас сакам да им се заблагодарам. Скопје останува во моето срце- вели Парондо.