Tuesday ,07 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Вардар го “газеше“ Киелце на теренот, Комити грмеаа на трибините
Вардар го “газеше“ Киелце на теренот, Комити грмеаа на трибините

Вардар го “газеше“ Киелце на теренот, Комити грмеаа на трибините

Нашиот шампион ја забележа петтата победа во шестиот меч од ЕХФ Лигата на шампионите, тие беа доминантни во дуелот со полскиот Киелце . Комити грмеаа на трибинита цел меч подржувајчи го својот миленик.

Нашиот шампион имаше во текот на целото прво полувреме предност, која во еден момент беше изразена во пет гола позитива. Противникот првиот гол го постигна во четвртата минута. Вистинска “војна“ се водеше на теренот во Јане Сандански. Капитенот Лазаров добива шанса во тимот, тоа го искористува за прв погодок и водство од 4:1. Оваа позтива од три погодоци ја одржуваме се до 13 минута, кога Киелце намали на само еден гол негатива 6:5. Руското крило во нашите редови, Тимур Дибиров повторно игра одлична партија во црвено-црниот дрес. Со неговиот погодок, повторно се одлепуваме на три гола 9:6. Многу нервоза на теренот и пред се груби фаули од страна на противникот. Иако Талант Душебаев доста често реагираше на судиските одлуки и самиот беше свесен дека неговиот состав игра “прегрубо“ на овој дуел. Билецки создава најмногу проблеми за нашиот тим, неговите силни удари се проблем за Штербик. Во 21 минута, со голот на Полскиот репрезентативец, гостите се доближуваат на 12:10. Серија на нашите момци од два гола за највисоки 4 гола во 24 минута 14-10. Во продолжение игра гол за гол на двете страни , девете екипи постигнуваат по четири гола резулатот е 18-14 на 30секунди до крајот. Вардарци во одбрана одлично одиграа и во контра Лацковиќ не успева да зголеми на пет плус .

Вториот дел почнува со добра игра во одбраната што во следната акција со погодок го наградува Горбок за плус пет 19-14, а веќе во следната акција идеме на 6 плус преку Циндриќ. Атмосферата во Јане наликува на типичниот скопски вулкан. Следи нов налет на црвено- црните и нова серија 3-1 во 36 минута Вардар води со огромни 8 гола, резултатот на семафорот е 23-15 за нашите момци. Штербик брилијантен на голот на Вардар брани прекрасно, оди Вардар на крилата на Арпадовите одбрани и Комити на досега најголема предност од 9 гола, 24-15 е резултатот во 38 минута. Во продолжение гостите се враќаат во мечот со  серија 1-5 , резулатот во 41 минута е 26-20. Додатен проблем е исклучувањето на Марсениќ на 2 минути, вардарци долго ја држат топката во напад Горбок погодува за 27-20, а Штербик брани пенал во продолжение. Горбок денес со Дибиров се играчи кој го носат тимот Сергеј погодува за 28-20 на само 1/4 до крајот на мечот. Човекот на мечот е дефинитивно Горбок тој го постигнува 8 гол и ја враќа предноста на плус 9 резултатот е 29-20. Тимур го следи во чекор Горбак и тој го постигнува 8 гол од контра за првапат двоцифрена преднос 30-20. Штербик покажува колку фалеше минатиот меч реди две одбрани едно подруго тоа кај гледалиштето предизвикува еуфорија , сите го скандират неговото име. Вистински бедем е и во следните три акции од како гостите не успеваат да го совладат од пенал,  со удар од крило и повторно со удар од 7 метра. Вардар напаѓа за 11 разлика но грешиме во нападот, а Штербик повторно брани пенал. Се гледа почетокот на крајот за гостите во 54 минута резултатот е 31-21. Лазаров погаѓа за црвено-црните , а Арпад брани дури по 17 пат вечерва. Првпат одиме на 11 гола позитива вечерва 33-22 во 57 минута со гол на  Македа. Вардарци однесоа победа овој меч со резултат 34-24.

Најдобри стрелци кај нашиот тим се Горбок 8 гола и Дибиров 8 гола, а Штербик имаше 18 интервенции (3 пенали).