Wednesday ,22 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Прес: Гонзалес и Карачиќ- Одигравме добар меч, Штербик беше нашиот јунак
Прес: Гонзалес и Карачиќ- Одигравме добар меч, Штербик беше нашиот јунак

Прес: Гонзалес и Карачиќ- Одигравме добар меч, Штербик беше нашиот јунак

На прес-конференцијата после дуелот со Киелце во кој однесовме убдлива победа со 10 гола од нашиот црвено – црн шампион беа присутни шефот на стручниот штаб Раул Гонзалез и Игор Карачиќ. Тие ги изнесоа своите видување за мечот во кој доминиравме целосно.Вардар фанс ви ги пренесува нивните изјави, прв се обрати шпанецот на клупата на Вардар :

-Беше многу тежок меч бидејќи игравме со екипата на Киелце која има добар тренер на својата клупа. Тие беа ослабени на овој дуел за Зорман, Јуркиевиќ  и Лијевски. Сепак и  ние бевме без Стоилов и Деревен во нашиот тим. Игравме добро во првиот дел, задоволен сум од залагањето на сите мои играчи, но сепак Штербик беше број еден на овој дуел. Имаме 10 бодови и сме на првото место, кое ќе се обидеме да го задржиме до крајот на групната фаза  – Изјави Раул.

-Најпрво да им честитам на мојата екипа за добро одработената задача. Знаевме дека ќе биде тежок натпревар. Се до последните моменти незнаевме со кој состав ќе излеземе на терен, бидејќи имавме повредени играчи. Враќањето на Душебарв и Штербик се осети многу во играта. Многу работи беа решени уште во првиот дел  кога поведовме со четири гола предност. Во вториот дел ја продолживме истата игра што резултираше со ваква висока победа. Овој меч е веќе зад нас, сега се подготвуваме за следниот наш дуел.-Изјави Карачиќ.