Со победа ја отворивме новата сезона во СЕХА-игата, откако на домашен терен ја победивме екипата на Пекинг Спорт. Тимот на Вардар иако настапи без неколку играчи. немаше големи проблеми околу остварување на триумфот, кој беше изразен со резултат 37:23.
За играч на мечот, од медија тимот на СЕХА-лигата беше избран, Калифа Гедбан, кој дуелот го заврши со 13 одбрани.