Вардар ќе го одигра последното коло во групата од Лигата на Шампионите. Во среда во С.Ц. Јане Сандански ќе гостува екипата на Елверум. Без разлика како ќе заврши овој дуел, црвено-црните веќе го заверија пласманот во осмина-финалето, каде е познат и противникот, додека за Елверум преостануваат 60 минути тешка борба со Вардар за освојување на бодовите, кои би им донеле пласман во следната елиминациска рунда.
Без разлика на ситуацијата, десното крило на Ваардар, Гоце Горгиевски најавува дека неговиот тим ќе оди на победа.
Така се наместија работите и практично мечот со Елверум не ни значи резултатски. Сепак, нам играчки ни е значаен, на домашен терен сакаме да завршиме со победа. За Елверум како ривал можам да кажам дека е квалитетен, одиграа фантастична групна фаза, победија и некои фаворити. Ќе биде квалитетен и неизвесен натпревар. Нив им значи натпреварот, но тоа нас нема да не загрижува, истакна македонскиот репрезентативец.
Натпреварот во среда ќе се игра во вечерниот термин од 20:45 часот.