Tuesday ,30 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Гласајте за Цвијиќ и Борозан, за најдобри играчи во колото на ЛШ
Гласајте за Цвијиќ и Борозан, за најдобри играчи во колото на ЛШ

Гласајте за Цвијиќ и Борозан, за најдобри играчи во колото на ЛШ

Драгана Цвијиќ имаше одлично деби во дресот на Вардар, во првото коло од лигата на шампионите. Таа заедно со Лекиќ беа најефикасни ракометарки, кои мечот го завршија со по 7 постигнати голови. Цвијиќ беше избрана во трите најдобри ѕвезди, во првото коло од групната фаза, заедно со голманката на Ѓер, Ева Киш и Лузумова од екипата на Турингер.

Да гласаме на линкот, ТУКА, за Цвијиќ да биде ѕвезда број еден на колото во ЛШ.

Машката екипа пак одигра со нерешен резултат на гостувањето во Унгарија, против екипата на Пик Сегед. На овој меч, најефикасен играч во нашите редови беше Вуко Борозан кој постигна осум голови. ЕХФ го смести во идеалниот тим на колото во ЛШ.

За Вуко Борозан гласајте на линкот, ТУКА, да биде избран за најдобар играч во четвртото коло.