Friday ,17 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Гласајте, Игор Карачиќ да биде избран за најдобар играч во реваншите од 1/4-финалето

Гласајте, Игор Карачиќ да биде избран за најдобар играч во реваншите од 1/4-финалето

Идилична е црвено-црната приказна, трета сезона по ред Вардар успеа да се избори за пласман на завршниот турнир во Келн. Предноста од осум голови на дуелот во Скопје се покажа како доволна за вардарци да го заверат учеството на Ф4 турнирот. Игор Карачиќ беше еден од предводниците на Вардар, како на првиот, така и на реванш мечот во Пик Сегед, па ЕХФ повторно го смести во најдобриот тим на реванш мечевите од ЛШ. Тој повторно беше феноменален  со 8 постигнати голови, во продолжение линк за гласање, дајте го својот глас хрватот да биде избран  за најдобар поединец во реванш мечевите од 1/4-финалето во Л.Ш.

 

*За нашиот среден бек може да гласате на следниот ЛИНК!