Доаѓа дел од сезоната во кој црвено-црните имаат доста густ распоред поради големиот број на заостанати дуели од првенството и настапот на Ф-4 турнирот во Купот на Македонија. Вчера пристигнаа во Скопје, денес и утре имаат време за мал одмор и подготовка за она што ги очекува потоа, тие во три дена треба да одиграат три натпревари.
Распоредот како што е дефиниран во моментов вели дека во четврток во Плеј-офот ќе се сретнат со скопскиот ривал Пролет. Ден потоа, в петок во 20-00 часот следува полуфинале во Купот на РМ против Еурофарм Работник кое се игра во Куманово. Нормално со голема веројатност е да се очекува дека Вардар да се пласира во финалето, па тогаш в сабота од 20-00 часот следува и меч за Куп пехарот против подобриот од дуелот помеѓу Металург и Бутел Скопје.