Sunday ,19 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Георгиевски: Фаворити сме и очекуваме да го добиеме мечот со повисока разлика
Георгиевски: Фаворити сме и очекуваме да го добиеме мечот со повисока разлика

Георгиевски: Фаворити сме и очекуваме да го добиеме мечот со повисока разлика

Нема време за ракометарите на Вардар, кои утре во С.Ц. Јане Сандански го играат првиот натпревар од 1/4 финалето во СЕХА-лигата против екипата на Војводина.

Гоце Георгиевски истакнува дека Вардар е фаворит и очекува неговиот тим да слави со повисока разлика. Натпреварот во четврток ќе стартува од 18:00 часот.

-После еден тежок период со многу мечеви доаѓа и овој со Војводина. Нема време за тагување и размислување. Гледаме напред. Војводина игра добро во европските купови. Имаат и млади и искуни играчи. Од лани се многу поквалитетни. Првиот меч е предност што играме дома. Ние сме фаворити, да го добиеме мечот со повисока разлика, и да мислиме после на вториот. Кога се брка резултат е потешко. А имаме и повеќе време за одмор, бидејќи не треба да патуваме.
Сега распоредот е згуснат, се игра постојано. Треба да се одмориме физички, но со главите да бидеме во мечот, нема право на грешки повеќе.
Имаат добра бековска линија. Пуховски знае добри да соработува со пивотменот. Имаат транзиција добра, и ние треба подобро да се враќаме во одбрана. Затоа нашата одбрана ќе биде на испит и ќе треба добро да одиграме тука, за да можеме после во напад да дадеме гол.