Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Недановски: Немаме многу време за подготовка, Војводина е добар тим
Недановски: Немаме многу време за подготовка, Војводина е добар тим

Недановски: Немаме многу време за подготовка, Војводина е добар тим

Утре во С.Ц. Јане Сандански, во рамките на 1/4 финалето од СЕХА-лигата, Вардар е домаќин на екипата на Војводина. На досегашните меѓусебни натпревари, во Скопје на седум натпревари, шест пати победувал Вардар. Српскиот тим единствено во 2014 година успеал да триумфира (25-23). Лани игравме само еден меѓусебен дуел во Нови Сад во групната фаза и загубивме со 16-26. Вардар ќе се обиде да стигне до победа и да се стекне со солидна предност пред реваншот во Србија.

За официјалната страна на Вардар своите очекувања за натпреварот ги сподели шефот на стручниот штаб, Владо Недановски, кој го изјави следново:

-Важен меч за нас. Ние се подготвуваме за Војводина, а и не размислуваме за тоа со каков состав тие ќе дојдат. Малку е поинаква атмосферата сега по последниот пораз во домашното првенство, но до четврток ќе успееме да се вратиме на старите победнички патеки..
Војводина доминира во српското првенство, и игра во полуфиналето на европските купови. Имаа одлични мечеви со Нексе и со Еурфарм Пелистер и победија со висока разлика, и тоа е доказ дека се добар тим.
Играат брз ракомет, со трчање, модерен. Имаат добра и цврста одбана. Не ни значи дали играме прво дома, па во гости. Некогаш е добро што дома играш прво бидејќи ќе го знаеме исходот, но сепак се играт 120 минути.
Имаме неколку повредени играчи, ќе се потрудиме да собереме сили бидејќи доаѓа период на згуснат распоред, бидејќи имаме натпревари  и во првенство, Куп и СЕХА лигата.
Немаме многу време за подготовки, но секој момент се користи за задржување на високата форма. Тешко е да се издржи ритамот на 3 меча за 6 дена. Кој ќе го издржи тој ритам ќе се радува на крајот од сезоната.

Натпреварот ќе стартува од 18:00 часот, веќе се пуштени во продажба билети за мечот.