Уште еден млад ракометар кој оваа сезона добиваше шанса на голот на Вардар потпиша нов договор и останува верен на ,,црвено – црните” бои. Се работи за талентираниот голман Васил Гогов, кој потпиша нов, двегодишен договор со Европскиот шампион.
Со младиот Гогов јавноста се запозна изминатава сезона кога започна да добива шанса и за првиот тим на Вардар, а претходно беше дел од Вардар Јуниор. Гогов во сезоната која е зад нас, се најде на четири наврати на списокот на играчи на Вардар за Лигата на шампионите, а својот потенцијал го истакна во СЕХА – лигата, каде добиваше поголема минутажа да го брани голот на тимот од Скопје.
Во новата сезона, Гогов ќе се бори за првотимски статус заедно со Ристовски, Кизиќ и Кантегрел.